-->
-->
Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-->

Европската комисија денеска одобри помош за одбраната на Украина во вредност од 6,1 милијарди евра.
Со помошта се планира Украина да биде снабдена со нови одбранбени системи, меѓу кои средства за противвоздушна одбрана, ракети, муниција и радари.
ЕУ потсетува дека претходниот пакет помош за Украина беше во вредност од 16 милијарди евра, од кои досега се исплатени 8,35 милијарди евра.
„Додека Русија го засилува интензитетот на нападите, ние ја засилуваме помошта за Украина за да може да ги брани своите граѓани и своето небо. Европа стои рамо до рамо со Украина и ќе го обезбедуваме она што и е потребно, кога и е потребно“, се наведува во изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
