Европска турнеја на Брајан Адамс
Популарниот канадски рокер Брајан Адамс, кој во текот на својата речиси 40-годишна кариера продаде над 100 милиони албуми, годинава ќе одржи тирнеја во Европа.
Во соопштението објавено на неговата веб страница и на официјалниот Фејсбук профил, се наведѕва дека на оваа европска турнеја Адамс ќе го промовира последниот албум „Get Up“.
Турнејата почнува во јули, а ќе заврши на 19 ноември со концерт во чешкиот град Брно. Во текот на турнејата Адамс, ќе има настапи и во Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Белгија, Италија, Швајцарија и Хрватска.
Најблизу до Македонија, Брајан ќе одржи концерт на 9 ноември во Загреб.
Својата музичка кариера Брајан ја започна во 70-те години на минатиот век, а светска слава доживеа во 80-те со четвртиот албум „Reckless“. Некои од неговите најпознати мелодии, кои денеска важат за класици на музиката и евергрини, се „I do it for you“, „Pleаse forgive me“, „All for love“, „Summer of '69“, „Have you ever really loved a woman“, „Run to you“, „Cuts Like a Knife“, „Heaven“...
Неговиот сингл „I do it for you“ од 1991 година беше 16 недели на првото место на британската топ листа, што се уште е ненадминат рекорд.
Неговиот последен студиски албум „Get Up“ е објавен во 2015 година.
Со досега продадени над 100 милиони албуми, Адамс се вбројува меѓу најпродаваните рок изведувачи на сите времиња.
Ново на Сител
-
Генерички обуки за административни службеници - чекор кон европска администрација
-
Од 19-ти до 21-ви септември „Штипска пастрмалијада 2025“
-
Доброволното противпожарно друштво во Василево веќе активно делува на терен
-
Охрид има потенцијал за спелеолошки туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија