Европска недела на спортот од 23 до 30 септември за активни и здрави млади
Масовно скокање со јаже, трка со велосипеди, ноќно искачување на Водно, кросфит активности и турнир во кошарка се само дел од активностите што се организираат во рамки на Европската недела на спортот, што од 23 до 30 септември ја огранизира Агенцијата за млади и спорт со цел поттикнување на младите повеќе да спортуваат и да се рекреираат.
Директорот на АМС Дарко Каевски, на отворањето на Европската недела на спортот, посочи дека настанот има за цел да се поттикнат младите повеќе да спортуваат и практикуваат здравите начини на живот.
– Предвидени се многу активности и спортски настани. Има пет главни настани проследени со околу 50-тина настани што ги спроведуваат општините, кои ни се партнери во проектот. Очекувам дека ваквите настани ќе станат пракса и на општините и на сите спортски клубови и федерации, изјави Каевски.
Главна цел е да ги поттикнеме што е можно повеќе најмладите да спортуваат, зошто, како што нагласи Каевски, само така ќе успееме да имаме здрава нација со здрави навики за спорт.
Според Александра Дичевска, која е национален координарот на Неделата на спортот, сите активности се од рекреативен карактер и отворени за сите граѓани.
– На 23 септември од 18:00 часот на Кеј ги очекуваме сите граѓани со велосипед, тротинет или ролерки да дојдат и учествуваат во аматерска штафетна трка. На 24 септември на градскиот плоштад се организира турнир 3х3 во кошарка, за што може да се пријават на фејсбук страницата на Европска недела на спорт, изјави Дичевска.
На 25 септември на градскиот плоштад се организира масовно скокање на јаже.
– Нема пријавување. Сакаме сите граѓани да дојдат до 18:30 часот. Имаме обезбедено околу 550 бесплатни јажиња за скокање, маици и вода. Бесплатно ќе ги поделиме и сите заедно ќе скокаме 45 минути. Потоа следува лотарија. Ќе има број на самите јажиња и извлекувањето ќе биде на крај, објасни Дичевска.
На 27 септември следи Осветли го Скопје, рекреативно ноќно искачување на Водно, а на 28 септември се организираат над 20 кросфит активности во СЦ „Борис Трајковски“.
– На 26 и 30 септември 50 општини се вклучуваат со свои активности, како посета на првачиња и пријателски натпревари. Целта е од година во година сите 80 општини да ни се вклучат, истакна Дичевска.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници