Македонија
25. February 2025 - 16:35

Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ

Брисел се уште жив го одржува процесот на проширување со државите од Западен Бaлкан и покрај промените на меѓународната сцена за Украина со доаѓањето на новата американска администрација на Трамп. Оваа порака ја пренесува европратеникот и известувач за Македонија Томас Вајц кој преку средби со парламентарните партии во Собранието од денеска, како што вели почнува да го пишува својот Извештај за земјава.

Вајц, кој важи за голем пријател на Македонија, вели дека државата е подготвена за почеток на преговорите, но и дека мора да се надмине проблемот со Бугарија.

За владејачката ВМРО-ДПМНЕ на меѓународната сцена Брисел се уште е прв сосед на Македонија, но и дека стојат на ставот дека почетокот на преговорите треба да биде врзан исклучиво со копенхашките критериуми.

Вајц се сретна и со претставници на албанскиот партнер во Владата Вреди, а имаше средба и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Сепак, Филипче, најави дека дури утре ќе ја коментира средбата со европратеникот.