Европол: Во заедничка акција уапсени 53 криминалци на „даркнет“
Педесет и тројца криминалци активни на „даркнет“ уапсени се во заедничка акција на седум држави членки на ЕУ, во соработка со Европол. Уапсените биле вмешани во зделка за купување и продавање фалсификувани банкноти во евра на илегалните пазари на интернет „Алфа Беј“ и „Ханса маркет“.
Во успешно изведената акција, во која учествуваа Австрија, Чешка, Франција, Германија, Грција, Словачка и Шпанија, идентификувани се и уапсени 53 криминалци, а при 77 рации во Европа запленети се 2.049 фалсификувани банкноти во евра, соопшти денеска Европол.
- Одличните резултати од акцијата се доказ дека анонимноста на „даркнет“ веќе не постои. Со заедничко дејствување, европската заедница за спроведување на законите, во координација со Европол, испрати јасна порака дека имаме начин да ги идентификуваме криминалците и да возвратиме на ударот, дури и во областа на „дарк вебот“, се наведува во соопштението.
Ооперацијата била спроведена во периодот од мај до јуни годинава.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени