Европол: Во Европа исчезнале најмалку десет илјади деца бегалци

Најмалку десет илјади деца бегалци, кои не биле придружувани од своите родители исчезнале откако стигнале во Европа, соопшти денеска европската полициска агенција Европол.
Постојат сомневања дека голем број од нив паднале во рацете на организирани криминални групи за трговија со луѓе, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Директорот на Европол Брајан Доналд изјави дека илјадници малолетни бегалци исчезнале, откако биле регистрирани од државните власти.
- Само во Италија исчезнале пет илјади деца, додека во Шведска илјада деца се водат како исчезнати, нагласи Доналд и предупреди дека софистицираната сеевропска криминална инфраструктура сега своето внимание го насочила кон бегалците.
- Не е претерано да се каже дека во моментов трагаме по повеќе од десет илјади деца. Сите тие нема да бидат искористени за криминал, некои од нив се можеби предадени на членови на нивните семејства. Но ние не знаеме каде се тие, што прават и со кого се, истакна директорот на Европол.
Во Европската унија минатата година влегле 26 илјади деца без родителска придружба.
Европол, кој има повеќе од 900 разузнавачки аналитичари и полциски службеници, верува дека малолетниците се околу 27 отсто од околу милион бегалци, колку што лани пристигнале во ЕУ.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
