Европол: ИД разработува своја социјална медиумска платформа
Борците на терористичката група Исламска држава разработуваат своја социјална медиумска платформа, со цел да не бидат засегнати од мерките на безбедносните служби за нивните комуникации и прoпаганди, изјави денеска директорот на полициската служба на Европската унија Роб Ваинврајт.
Ваинврајт наведе дека новата онлајн платформа била откриена при 48-часовна операција извршена врз екстремизмот на Интернет во текот на минатата недела.
- При таа операција беше откриено дека сега ИД разработува своја сопствена социјална медиумска платформа, свој сопствен дел од Интернетот, со цел да ги остварува нејзините агенди, изјави тој на конференцијата за безбедност во Лондон.
Тој истакна оти тоа покажува дека „некои членови на ДАЕШ продолжуваат да покажуваат иновации во таа област“.
При операцијата што била коорднирана од Европол, меѓу материјали на ИД и Ал Каеда биле пронајдени над 2.000 примероци за онлајн екстремистичка пропаганда во 52 социјални медиумски платформи.
При акцијата учествувале полицајци од САД, Белгија, Грција, Полска и Португалија.
Ваинврајт, сепак објасни дека со создавањето на свој сервис, ИД одговара на притисокот создаден од разузнавачките служби, полициските сили и технолошкиот сектор, и на тој начин се обидува да ги „заобиколи“.
- Ние секако доволно им отежнуваме да дејствуваат во овој простор, но се уште гледаме дека се објавуваат такви ужасни видеа и остваруваат комуникација на Интернет, нагласи Ваинврајт, додавајќи дека не знае дали ќе биде потешко од техничка гледна точка да биде урната платформата на ИД.
Тој потенцираше дека соработката меѓу Велика Британија и Европската унија во сферата на безбедноста ќе продолжи по излегувањето на земјата од Унијата и покрај предупредувањата на Лондон оти може да го напушти Европол и да престане да споделува разузнавачки податоци, доколку не се постигне договор за излез од ЕУ.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците
-
Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија
-
Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна