-->
-->
Евролигата во црвено-бело, победи на Звезда и Олимпијакос
-->

Кошаркарите на Црвена звезда и Олимпијакос забележаа победи во дерби натпреварите, кои во рамките на 17.коло во Евролигата се одиграа во четвртокот. Црвена звезда на домашен терен победи уште еден великан на европската кошарка Фенербахче, додека Олимпијакос победи во Барселона.
Црвена звезда во извонреден натпревар славеше над Фенербахче 75:73. Од почетокот до крајот дуелот беше неизвесен, домаќинот имаше највисоки 10 поени предност во третиот период, додека Фенербахче во ниту еден момент не оствари предност поголема од четири поени.
Мечот го решија Чарлс Џенкинс и Огњен Кузмиќ, првиот погоди за два поени на 14 секунди до крајот за 75:73, а вториот во последниот напад го блокираше обидот на Екпе Јудо.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ целиот натпревар го следеше од клупата.
Кузмиќ со 21 поен и 8 скокови беше играч на натпреварот, а Џенкинс забележа 14 поени, по три скока и асистенции и две украдени топки. Фенербахче го предводеа Јудо и Датоме со по 16 поени.
Дрматичен меч одиграа и Барселона и Олимпијакос, кој му припадна на гостите 67:69. Дуелот го реши Манцарис кој на седум секунди до крајот реализира две слободни фрлања, а Рајс не успеа да погоди во последниот напад за Барселона.
Пртинтезис со 16 и Лоџески со 11 поени беа најефикасни кај Олимпијакос, додека во редовите на Барселона Копонен постигна 16, а Рајс 15 поени.
Во Истанбул Дарушафака славеше над Басконија 98:89. Бертранс со 29 и Вонамејкер со 21 поен (4/4 за три) беа најефикасни во домашниот тим, додека Унгарецот Ханга ја предводеше Басконија со 19 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
