-->
-->
Eвролига: Реал пред елиминација
-->
Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Реал Мадрид, се наоѓа пред елиминација во Топ 16 фазата, откако во неверојатна завршиница загуби во Виторија од Лаборал Куча 89:88. Последните натпревари од претпоследното коло ги промовираа Панатинаикос и Црвена ѕвезда во четвртфиналисти.
Реал Мадрид на во пресрет на последното коло во Топ 16 фазата има победа помалку од Барселона и Химки, кои се наоѓаат на позициите три и четири во Ф групата.
Реал во неверјатен финиш, загуби добиен меч во Виторија. Европскиот првак во завршните 30 секунди влесе со предност од три поени, но не успеа да победи. Давид Бертранс постигна тројка на нецели четири секунди до крајот за победа 89:88.
Лаборал Куча го обезбеди второто место на табелата и остана во игра за пласман на челната позиција, каде поради подобриот меѓусебен скор се наоѓа ЦСКА Москва.
Лидерот во Е групата, Фенербахче, славеше во градското дерби со Анадолу Ефес 90:86, со што и овозможи на Црвена ѕвезда да го забележи најголемиот клупски успех. Црвена ѕвезда, која во четвртокот, катастрофално загуби од Дарушафака (61:80) ја обезбеди четвртата позиција во Е групата.
Перо Антиќ натпреварот со Ефес го заврши со 13 поени (2/6 за три) и три скока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати