Кошарка
20. April 2017 - 12:05

Евролига: Олимпијакос и Реал Мадрид го искористија домашниот терен

Екипите на Олимпијакос и на Реал Мадрид ги остварија првите победи во четвртфиналето од кошаркарската Евролига. Реал Мадрид беше поуспешен од Дарушафака со 83:75, а најефикасен на натпреварот беше домашниот играч Серхио Љуљ со 23 поени.
Олимпијакос на домашен терен го совлада Анадолу Ефес со 87:72, а пет играчи кај победникот постигнаа двоцифрен број поени.
Во петок истите екипи ќе ги играат натпреварите број 2 од четвртфиналето.
Вечерва се играат вторите натпревари од дуелите: ЦСКА Москва – Басконија (1-0 во победи) и Панатинаикос – Фенербахче (0-1).