-->
-->
Евролига: Доминација на Дончиќ
-->
Реал Мадрид во вторникот го победи Милано 100:90 во третото коло во Евролигата, а во центарот на вниманието беше тинејџерот Лука Дончиќ.
18-годишнот Словенец доминира на оваа средба по која стана најмладиот играч што имал вкупен рејтинг на корисност поголем од 40. Таков рејтинг пред една деценија на 21-годишна возраст остварил Црногорецот Никола Пековиќ во дресот на белградски Партизан.
Дончиќ дуелот со Милано го заврши со 27 пони, 8 скока, 5 асистенции, 3 украдени и една загубена топка, а врз него беа направени 10 прекршоци. Сето ова му донесе рејтинг 41, со што стана апсолотен рекордер за кошаркари до 21 година.
Кога станува збор за евролигашкиот рекорд во индексни поени (ректинг), тука неприкосновен е некогашниот играч на Жалгирис, Американецот Танока Берд.
Берд на 22 јануари 2004 година во поразот на Жалгирис во Болоња од екипата на Скипер 117:107 остварил неверојатен рејтинг 63 (35 поени, 19 скока, 2 украдени топки, 2 блокади, а врз него биле направени 11 прекршоци).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје