-->
-->
Евролига: Барселона среќно до финалето
-->
Барселона во драматичен меч стигна до 84:82 победа над Армани Милано за да се пласираат во финалето на Евролигата, каде што ќе се судрат со турскиот Ефес, кој претходно го елиминираше шампионот ЦСКА Москва.
Барселона во поголемиот дел од мечот имаше контрола на резултатот, но на крајот се најде во неверојатна завршница, во која им беа потребни поените на Кори Хигинс во последната секунда од мечот за победа над италијанскиот тим.
Барса имаше предност од само 27:24 по првата четвртина, пред Пау Гасол да уфрли 10 поени во втората за да им донесе голема предност на каталонците, но по падот на формата во третата четвртина, Милано се врати и поведе со четири поени предност.
Во последната минута од мечот беше израмнето на 82:82, по што Барселона не даде поени во својот напад, но Кевин Пантер утна тројка, пред Кори Хигинс да постигне поени за 84:82 водство.
Никола Миротиќ ги предводеше Барса со 21 поени, Ник Калатес додаде 17, додека кај Олимпија, Кевин Пантер имаше 23 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи