-->
-->
Евролига: Антиќ „напаѓа“ трета титула
-->

Германскиот главен град Берлин, од петок до недела, ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Македонската кошарка ќе има свој репрезент на овој турнир во името на Перо Антиќ, кој со Фенербахче ќе се обиде да стигне до третата европска круна во кариерата.
Берлин, во наредните три дена, ќе биде центарот на европската кошарка, каде четири тима (ЦСКА Москва, Локомотив Кубан, Фенербахче и Лаборал Куча) ќе се борат за титулата европски клупски првак.
Полуфиналната програма ќе ја отворат руските тимови ЦСКА и Локомотив, мечот ќе стартува во 18 часот. Руското полуфинале ќе биде дуел на најдобриот напад (ЦСКА ) и најдобрата одбрана (Локомотив) во Евролигата. Локомотив е дебитант на завршниот турнир, на клупата на овој тим седи Јорогос Брацокас, кој во 2013 година со Олимпијакос стана европски првак.
ЦСКА е тим кој има најголем буџет во Европа, речиси 40 милиони евра, во своите редови го има овосезонскиот МВП, Нандо Де Коло, а во Германија ќе се обида да ја освои првата титула по 2008 година.
Второто полуфинале Фенербахче-Лаборал Куча ќе започне во 21 часот. Ова е дуел на тимови од никогаш не стигнале до титулата, а за македонската јавност е биде особено интересен бидејќи ќе игра Перо Антиќ. Крилниот центар заедно со Весели и Јудо треба да биде факторот кој на Фенер ќе му донесе прво финале во историјата.
Најголемата сила на Фенербахче е на тренерската клупа, во ликот на најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ, додека од играчите само Антиќ и Слукас знаат како се освојува европската титула, овие двајца играа во Олимпијакос во 2012 и 2013 година, кога грчкиот тим стануваше европски шампион.
Лаборал Куча по подолга пауза е учесник на завршниот турнир, сезонава тимот на Перасовиќ остави најдобар впечаток од шпанските преставници во Евролигата. Лидер на тимот е Јанис Бурусис кој игра во животна форма, многу нешта зависат и од бековите Адамс и Џејмс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
