-->
-->
Еврокуп: Финале Стразбур-Галатасарај
-->
Кошаркарите на Галатасарај и Стразбур изборија пласман во финалето во Еврокупот на УЛЕБ. Победникот од финалниот двомеч ќе избори директен пласман во Евролигата наредната сезона.
Галатасарај, во драматичен меч, по едно продолжение, успеа да ја елиминира Гран Канарија. Првиот меч во Истанбул турскиот тим го доби со 89:75, во ревашнот Шпанците со тројката на Агилар дојдоа до позитива од 16 кошеви, но Мицов погоди на две секуди д крајот и избори продолжение.
Дополнителните пет минути Галатасарај го доби со 5:4, го загуби мечот со 94:81, но благодарение на триумфот во првиот натпревар ќе игра во финалето.
Стразбур во конечниот скор, во полуфиналето, против Тренто постигна два поени повеќе, поради што и ќе игра во финалето. Иако првиот меч во Франција, Стразбур го загуби 68:74, но реваншот во Италија францускиот тим славеше 86:78.
Финалните натпревари ќе се одиграат на 22. и 27.април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба