Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
Европската комисија е уверена дека лидерите на ЕУ на денешниот Самит во Брисел ќе ги убедат Словачка и Унгарија да се согласат на усвојување на 18-тиот пакет санкции за Русија.
Претставник на Еврокомисијата брифира дека извршното тело на ЕУ смета „дека ќе се најде начин“ да се постигне консензус за пакетот санкции.
Дипломатски извори наведуваат дека Братислава и Будимпешта би можеле да се согласат на усвојување на санкциите, доколку Еврокомисијата се откаже од планот за постепено целосно ослободување од руските фосилни горива во ЕУ до 2027 година.
Пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Словачка ќе побара одлагање на гласањето за нови санкции кон Русија на собирот.
-Ако не го одложат, ќе ставиме вето... Нема да гласаме за тој пакет, изјави Фицо.
Претходно неделава и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија и Словачка се противат на најавениот нов 18-ти пакет санкции кон Русија.
Ново на Сител
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан