Свет
12. February 2017 - 19:47

Еврокомесарот Oтингер ги проценува можните штети од Брегзит за германската економија на една милијарда евра

Европскиот комесар за дигиталната економија и информатичко општество Гинтер Отингер ги проценува на една милијарда евра можните штети за германската економија од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, пренесе ТАСС.

Во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг" Отингер истакнува дека ако буџетот на ЕУ остане како досега, тогаш може да им се наложи на другите земји да притекнат во помош. Според него, ако се намали буџетот за износ еднаков на делот на Велика Британија, може да не е потребно тоа да се случува.

- Третата опција е на Германија да и се наложи да преземе дополнителни трошоци во вредност од околу една милијарда евра, вели комесарот.