Еврокомесарот Хан во четврток во Скопје
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, во четврток доаѓа во Република Македонија, во време кога во земјата се водат разговори за формирање на Влада по парламентарните избори на 11 декември минатата година.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од канцеларијата на Хан потврдија дека еврокомесарот ќе биде во Скопје на 9-ти овој месец за да учествува на министерскио состанок посветен на енергетиката во рамки на процесот „Шест западно-балкански држави“.
- На агендата на комесарот Хан е да дојде во Скопје во четврток. Тој ќе учествува на министерскито состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика (економија) во рамки на “Шест западно-балкански змеји“ процесот. А на маргините на овој состанок, тој ќе има билатерални средби со сите засегнати страни во земјата, соопштија од кабинетот на Хан.
Пристигнувањето на Хан во Македонија доаѓа во период кога во земјата се водат разговори за формирање на влада, па не е исклучено првиот човек за проширување на ЕУ да се обиде да помогне во овој дел.
Ново на Сител
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО