Кошарка
15. September 2015 - 23:40

Евробаскет: Паркер ја однесе Франција во полуфиналето

Репрезентацијата на Франција успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскетот откако во второто четвртфинале ја победи Летонија со 84:70. Франција во првото полуфинале ќе игра против Шпанија во четврток на 17.септември.

Селекцијата на Летонија беше равноправен ривал во првите 20 минути, кога и во поголемиот дел имаше и водство. Но, во финишот на вториот дел првиот играч на „триколорите“ Тони Паркер постигна девет поени во серија за водство од 40:36.
Во вториот дел Французите само ја зголемија предноста пред се на квалитетната одбрана во третиот период кога примија само седум поени.
Паркер со 18 поени беше најефикасен, а „двоцифрени“ беа уште: Диао 14, Жобер 13, Де Коло 11 и Ловерњ 10. 
Кај Летонија најдобар беше Јаниченокс со 16 поени, а Стрелниекс имаше 14 поени и 7 асистенции. Потфрли центарот Берзинш со два поена и 2 скока.
 
Во првото четвртфинале Шпанија ја победи Грција со 73:71.
Утре во четвртфиналето играат: Србија - Чешка (почеток 18:30 часот) и Италија - Литванија (почеток 21 часот) со директни преноси на СИТЕЛ 3.
Поразените селекции на Грција и на Летонија во четврток ќе играат натпревар за палсман од 5-8.место.