-->
-->
Евробаскет: Литванија во финалето против Шпанија
-->
Репрезентацијата на Литванија се пласира во финалето на Евробаскетот откако вечерва во второто полуфинале ја победи Србија со 67:64. Ова за Србија беше прв пораз на шампионатот, а Литванија се избори за финале против Шпанија и за свое седмо учество на Олимписките игри.
Литванија беше подобарат селекција, која во текот на поголемиот дел од натпреварот го контролираше резултатот. Србија само во неколку наврати имаше водство, на стартот на дуелот и во 26 минута. Но со серија од 9-0 Литванија повторно го презеде водството.
Литванците беа подобри во скокот, а успешно го запреа и Теодосиќ пред ги намалија неговите асистенции кон соиграчите.
Најефикасен на дуелот беше Теодосиќ со 16 поени, додека кај Литванија Валанчиунас постигна 15, Кузминскас 13 (9 скокови), Калниетис 12 поени, 9 асистенции и 8 грешки и Сеибутис 13 поени (9 во последната четвртина).
Литванија во недела од 19 часот ќе игра во финалето против Шпанија што е реприза на финалето од ЕП 2003 година кога Литванија победи.
Во дуелот за 3.место од 14 часот ќе играат Франција и Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче