Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето

Репрезентацијата на Грција успеа да се пласира во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако вчера во четвртфиналето ја совладаа Литванија со 87:76 (24:19; 20:19; 20:14 и 23:24). Нивни противник во полуфиналето ќе им биде селекцијата на Турција, која во првото четвртфинале ја совлада Полска со 91:77.
Литванија имаше предност само во првите пет минути од натпреварот, а во остатокот од дуелот Грција ја имаше резултатската позитива. Најефикасен кај победничкиот тим беше Јанис Адетокумбо со 29 поени, додека кај Литванија Јонас Валанчиунас реализираше 24 поени и 16 скокови.
За Грција ова е прво полуфинале по 2009 година.
Полуфиналето Турција – Грција се игра в петок, а утре на програмата се другите два четвртфинални дуели: Грузија – Финска (почеток 16 часот) и Словенија – Германија (почеток 20 часот).
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
-

Муцунски на средба со Калас во Брисел
-

Годишни трошоци од 3.000 евра за едно дете
-

Во Преспа се прави проценка на штетите по поплавите
-

Врнежите го подобрија водостојот во браните во Струмичко, но тој и понатаму е низок
