Евроамбасадорот Дејвид Гир ја посети општина Дојран
Во работна посета на општина Дојран денеска престојуваше евроамбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, кој на средбата со градоначалникот Анго Ангов беше запознат со досега реализираните проекти финансирани од фондовите на ЕУ.
За време на посетата на Дојран, евроамбасадорот Гир и градоначалникот Ангов прошетаа низ комплетно хортикултурно уредениот градски парк и ја посетија отворената летна сцена, како проекти кои се реализирани со финансиска помош од ЕУ.
– Разговаравме со евроамбасадорот Гир и за продолжување на досегашната успешна соработка со можни идни проекти кои најпрво ќе ги дефинираме како приоритетни, а потоа заеднички ќе ги реализираме за поубав и помодерен Дојран, рече градоначалникот Ангов.
Тој истакна дека со евроамбаадорот Дејвид Гир се договориле општина Дојран, како лидер во искористувањето на ЕУ-средства, да продолжи со уште поголем капацитет и интензитет да ги искористува ЕУ-фондовите.
Проектот за хортикултурно уредување на централниот дел на летувалиштето Стар Дојран е реализиран на површина од 36 000 квадратни метри.
Ново на Сител
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници