ЕВРО 2020 најефикасно во историјата
На Европското фудбалско првенство 2020, поставен е нов рекорд во постигнати голови, објави УЕФА на својата веб-страницата. Екипите постигнаа 118 погодоци.
Претходниот рекорд од 108 голови беше поставен на Евро 2016.
109-от гол на Евро 2020 го постигна Хрватот Мислав Оршиќ, вчеравечер во осминафиналниот натпревар со Шпанија (3:5).
Пред воведувањето на форматот од 24 екипи во 2016 година, турнирот во 2000 година беше најпродуктивен. Екипите погодија 85 пати на тоа ЕП.
Во тековното Европско првенство исто така постави е и рекорд за просечен број на голови по натпревар од воведувањето на групната фаза во 1980 година. Во просек, на Евро 2020 се постигнуваат 2,81 погодок. Пред воведувањето во групната фаза, најмногу голови беа постигнати во ЕП 1976 година – 4,75 гола на натпревар.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром