Еве колку неважечки ливчиња имало во вториот круг

- Вкупно 12.284 неважечки гласачки ливчиња утврдила Државната изборна комисија по преброени 100 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од локалните избори.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во вториот круг од изборите изнесува 420.584.
Од вкупно 833.716 избирачи кои можеа да гласаат во вториот круг, избирачкото право вчера го искористија 432.866 или 51,92 отсто од вкупно запишаните избирачи во Единствениот избирачки список.
Со тоа на овие локални избори вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 57.465, а бројот на важечки 1.448.622 ливчиња.
На претходните локални избори во 2013 година имаше 40.289 неважечки ливчиња, додека на последните парламентарни избори во декември минатата година евидентирани беа 38.712 неважечки ливчиња.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
