-->
-->
Еве која е сопругата на Ким: Не се знае точно колку години има, а морала да оди на курс за да се омажи за лидерот на Северна Кореја
-->
Северокорејскиот претседател Ким ЏОнг - ун, не само што сите ги изненади со патот за Пекинг, туку и дека ја понесе сопругата со себе. Тоа не би било ништо чудно да не беше ова негово прво излегувањње надвор од земјата по 6 години.
За неговата жена Ри-Со- Ју, многу малку се знае, не е познато кои и се родители и како и бил животот пред да се омажи за КИм, а не се знае ни колку години има.
И нејзиното име е објавено најверојатно е тајно: аналитичарите мисалт дека Ри е всушност псевдоним, под кој се преставува за нејзиниот живот пред бракт остане непознат.
Ким и Ри во јавност за рпв пат се појавиле на еден иконцерт во 2012 година, по соопштувањето дека таа му е сопруга, но деталите не се објавени.
До 2014 година повеќе пат се појавиле заедно, а потоа Ри се до неодамна, воглавно исчезнува од јавноста. Изворите од Јужна Кореја тврдат дека некогаш била навивачка и пејачка и дека е родена межу 1985 и 1989 година.
Во 2005 година неодамна допатувала на Светско првенство во атлетика во Јужна Кореја , како дел од навивачкиот штаб на Северна Кореја. Се зборува дека пеела во Оркестарот Унхасу, кој настапувал за Ким и неговиот татко за време на новогодишниот концерт во 2010 година.
- Можно е Ким да ја избрал за жена откако што ја видел во концертната сака, пишуваат медиумите.
А BBC пак пишува дека била пејачка на групата Ро-СИ- ју, но никогаш не е потврдено дека таа девојка и сопругата на Ким е истата личност.
Јужнокорејските безбедносни служби веруваат дека е пејачка, но велат дека нејзиното рпаво име е Хјон Сонг -вол и дека името го променила после свабата со Ким.
Ри набрзина се омажила за Ким во 2009 година, бидејќи Ким Џон -ил, кој доживеал мозочен удар сакал да го осигура наследникот. Исто така се верува дека првото дете го родила во 2010 година, а во 2013 и 2016 уште два пати се породила по раѓањето на децата целосно исчезнала од јавноста.
Американската кошаркарска ѕвезда воедно и пријател на Ким, Денис Родман во едно интервју спомна дека нивното второ дете се вика Џу Ае, а за останатите деца не се знае.
Пред да се омажи за Ким, Ри била во посета на најпрестижната образовна установа во Северна КОреја. Таа се запишала на шестмесечен курс за да биде подготвена за фунцкијата прва дама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство