Македонија
20. December 2024 - 16:01

40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници

На 19.12.2024 во 21:15 часот на улица „Јосуф Грвла“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Р.(40) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикал расправија со Р.Х.(23) и уште двајца малолетници, по што им се заканил со пиштол.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител