Македонија
14. October 2015 - 18:29

Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, долж Повардарјето повремено засилен.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачно со услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.