Еве како изгледал Исус, изработен неговиот „фото-робот“

Група форензичари врз основа на три черепи на мажи кои живееле на подрачјето на Израел во на почетокот на првиот век, изработиле лик кој би можел да наликува на Исус Христос.
Реконструираниот лик делува сосема поинаку од оние кои можеме да ги видиме на иконите и статуите што го претставуваат Исус, но форензичарите сметаат дека тој е приближно најсличен со неговиот вистински изглед, кој во голема мерка се разликува од некои западни претстави каде тој дури е прикажан како човек со изразито бела кожа и често дури и со руса или златна коса.
Форензичатите, предводени од Ричард Нив, поранешен професор на Универзитетот во Манчестер, изработиле „слика на Исус“ врз основа на анализа на трите черепи од Галилеја, при што користеле техника која обично се употребува во истраги за убиства.
Си помош на апарта за компјутерска томографија форензичарите направиле ренгенски снимки на черепите и врз основа на тоа ја процениле дебелината на кожата и положбата на мускулите на лицата.
Исто така, користеле и древни цртежи пронајдени на археолошките локалитети за да ја одреди бојата на „косата на Христос“ и нејзината должина.

Иако, нема вистински одговор на прашањето за тоа како изгледал Исус, тоа не спречува да се појавуваат разни шпекулации.
Италијански детективи минатата година направија своја проценка за изгледот на Христос, кој ни најмалку не потсетува на ликот кој го добил Нив. Сепак, Италјанците за нивната претстава на Исус ги користеле отисоците од Торинскиот покров, за чие потекло постојат различни мислења.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

40-годишна жена смртно прегази 60-годишник: Дали со „Сејф Сити“ ќе се намали бројот на загинати во сообраќајки?
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
