-->
-->
Еве како Ирина Шаек од сиромашна девојка стана светски познат модел
-->
Денеска милиони девојки низ светот сакаат да го живеат нејзиниот живот, но оваа убавица го немала секогаш животот од соништата.
Ирина пораснала во сиромашниот руски рударски град Јеменжелинск.
Нејзиниот татко, кој работел во рудник за јаглен, починал од болест на белите дробови во своите 40-ти години, а потоа семејството живеело прилично тешко.
-Бевме многу сиромашни. По училиште јас и сестра ми ѝ помагавме на мајка ми да одгледува компири, краставици, домати. Така преживувавме, рекла Ирина во интервју за Дејли Мејл.
Граѓаните Јеменжелинс имале само пофални зборови за неа: таа секогаш привлекувала внимание со убавината и различниот изглед, но била скромна и добра ученичка.
Од татко ѝ го наследила црниот тен, бидејќи бил Татар, а од својата мајка светлите очи.
-Не бев сигурна со што ќе се занимавам, но знаев дека ќе го напуштам родниот град, рекла Ирина, која длабоко во себе многу сакала да биде новинарка.
Приказната за модата започнала кога еден ден мајка и’ случајно видела оглас за модна агенција, но на ум ја имала другата ќерка, Татјана.
Кога заминале на состанок, од агенцијата ја забележале Ирина, која сосема случајно тргнала со нив.
Потоа, на 18 години, таа отпатувала во Москва на натпреварувањето Мис Чељабинск 2004-та година, каде ја забележале фотографи, кои ѝ помогнале да направи портфолио.....
Потоа ја забележал западниот моден свет и започнало ѕвезденото патешествие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар