Еве како џихадистите бегаат од Русите

„Припадниците на ИСИЛ се кријат во џамии, а своите возила ги паркираат околу нив. Тие знаат дека ние ги почитуваме џамиите и дека под било какви околности, ние нема да нападнеме цивилна област“, изјави заменик министерот за одбрана, Анатолиј Антонов, пренесува "Russia Today".
Антонов истакна дека руската војска внимателно ги проверува податоците од разузнавачките служби пред да започне со бомбардирањата.
„Стотина пати ги проверуваме податоците од разузнавачките служби и започнуваме со операциите кога ќе бидеме 100% сигурни дека напаѓаме мета“, истакна Антонов.
„Денес имаме податоци дека терористите се кријат во џамиите. Имаме податоци, видео-податоци дека терористите ги кријат своите оружја околу и во џамиите. Тие знаат дека ние ги почитуваме и се грижиме за џамиите и дека нема да нанесеме удари кон невоени објекти“, порача Антонов.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници