Живот
24. July 2017 - 12:23

Еве како да се решите од непријатните мириси од корпата за отпадоци

Постои брзо и евтино решение од вашата кујна кое ќе ја отстрани секоја непријатна миризба. Потребна ви е само сода бикарбона.

Овој магичен бел прав е најдобар сојузник во борба против непријатните мириси од корпата за отпадоци.
Навлажнете ја корпата за отпадоци и на дното посипете сода бикарбона. Оставете ја да отстои околу половина час, па измијте ја со жешка вода.

Откако ќе се исуши по дното повторно ставете малку сода бикарбона и оставете да отстои. Истресете ја содата и заменете ја со свежа на секои неколку дена и проблемот е решен!