Еве како Алфите го уапсија разбојникот од „Стопанска банка“

Случаен минувач ја сними акцијата на полициските Алфи завчера кога го уапсија разбојникот кој ја ограби експозитурата на Стопанска банка во Ѓорче Петров.
Против скопјанецот А.М.(43) поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за извршени три кривични дела „разбојништво“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распркувачки материјали“.
Со намера да се стекне со противправна имотна корист, завчера околу 14:00 часот, пријавениот со закана со пиштол и употреба на физичка сила над вработените во филијала на Стопанска Банка АД Скопје лоцирана на бул. “Ѓорче Петров“ во Скопје, извршил разбојништво, при што одзел 377.900 денари.
А.М. маскиран и вооружен со огнено оружје, влегол во банката и со закана кон вработените и странките, дошол до шалтерскиот простор и им наредил на вработените да се тргнат, сам влегол зад пултот и од касите ги одзел парите, ги ставил во ранец што го носел со себе и трчајќи избегал од банката качувајќи се во патничко возило Цитроен ЗХ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал во близина, притоа упатувајќи се во правец кон ул.„4-ти Јули“, се вели во соопштението.
Откако А.М. со возилото дошол во близина на надвозникот „Влајко“ на бул. „Партизански одреди“, од страна на полициски службеници од ЕПОИ-Алфа, бил забележан по што тие се упатиле по него, притоа давајќи му светлосно сигнален знак од службеното возило. Од страна на полициските службеници му биле покажани и полициските легитимации и преку отворениот прозор од возилото му наредиле да го запре движењето и да застане, на што пријавениот се оглушил на дадената наредба и со пиштол почнал да пука кон нив. Со цел да одбијат непосреден напад од себе, од страна на ЕПОИ-Алфа употребено е огнено оружје од кои испукале повеќе куршуми во правец кон пријавениот, при што тој добил телесна повреда-расекотина во пределот на главата, најверојатно настаната со расекување од парчињата стакло од скршените прозори од возилото кое го управувал. По престрелката со полициските службеници А.М. е совладан, по што со возило на брза помош бил префрлен во ургенетен центар при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, каде доктор констатирал телесна повреда.
Со извршеното дејствие, А.М. го оштетил службеното возило, потоа патничко возило марка „фиат пунто“, како и во автобус сопственост на ЈСП Скопје.
Увидна екипа при СВР Скопје извршила увид, при што во патничкото возило „цитроен ЗХ“ пронајден е еден ранец во кој биле одземените пари од банката и еден мобилен телефон, додека пиштолот заедно со рамка со три куршуми, пронајден и подигнат од коловозот на бул. „Партизански Одреди“ и со наредба од Основното јавно обвинителство е предаден за натамошна анализа и вештачење. Против А.М. во периодот 1988-2008 година биле поднесени две кривични пријави.
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
