Евакуирани туристи поради пожар во хрватскиот град Трогир
Пожарот, што вчера избувна во непосредна близина на јадранскиот хрватски град Трогир, уште не е локализиран, но е ставен под контрола, јави Танјуг.
Во пожарот едно лице е повредено, но нема опасност по неговиот живот.
Во реонот зафатен од огнената стихија, цела ноќ дежураа 170 пожарникари и 45 противпожарни возила.
Хрватските медиуми вчера информираа дека над Трогир избувнал голем пожар, што зафатил дабова шума и ниско стеблеста вегетација. Гасењето на пожарот било проследено од силен ветар.
Извршена е евакуација на туристите, а огнот се приближил до станбените згради. Во гасењето на огнената стихија се ангажирани два авиона и еден хеликоптер.
Хрватскиот сајт Индекс соопшти дека на местото на избувнување на пожарот се слушнала силна експлозија. Се претпоставува дека експлдирала боца со гас или возило.
Заради пожарот кој гореше на три километри од аеродромот во Сплит, вчера од 16.40 до 17.15 часа беше запрен воздушниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја