Евакуација на бунтовниците од предградие на Дамаск
Стотици сириски бунтовници и нивните семејства денеска согласно договорот со сириската Владаза, почнаа да го напушаат предградието на Дамаск, Барзе, кое е по опсада владините сили.

Евакуацијата од Барзе претставува првото вакво движење на населението во овој регионот.
Во текот на последните месеци десетици илјади лица, кои живееја во регионите што се под опсада на владините сили во Хомс и Алепо, се предадоа, согласувајќи се да бидат преместени во области што се контролирани од опозицијата во други делови на Сирија.
Телевизијата „Ехбарија“ јави дека е започната евакуацијата на борците од Барзе кон провинцијата Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека утринава во Барзе пристигнале автобуси и стотици борци и нивните семејства почнале да се качуваат во нив.
Организацијата наведе деа денеска се очекува околу 1.500 лица да го напуштат предградието, а во текот на следните денови ќе бидат евакуирани уште лица.
Ново на Сител
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
