Ева Мендес и Рајан Гослинг очекуваат второ дете
Убавата актерка Ева Мендес и нејзиното момче Рајан Гослинг по втор пат ќе станат родители.
Иако веста официјално не е потврдена, како што објави „Ју-Ес Викли“, позната актерка го покажа својот труднички стомак уште во февруари на едно снимање во Лос Анџелес.
Двојката веќе има 19-месечна ќерка Есмералда, а Ева и порвата бременост успешно ја криеше од јавноста се до седмиот месец. Но, се чини дека овој пат не беше во можност да го направи тоа.
Ева (42) и Рајан (35) се заедно од 2011 година.
- Јас ќе земам пауза од филмовите и ќе се посветам на семејството. Кога ќе се запрашам дали да прифатам некој проект, погледнувам во моето девојче и веднаш го знам одговорот, откри уште минатата година убавата актерка.
Иако често се пишуваше за прекин на нивната врска, наводно поради љубомората на Ева кон поранешната девојка на Рајан, Рајчел Мекадамс, се чини дека меѓу двојката се е во најдобар ред, што го потврдуваат и овие среќни вести.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии