ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 и понатаму ќе се продава за 62,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 2,036 отсто, како и за 0,354 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани