Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – Прв бод за битолчани во Лига на шампионите
Битолчани ја прекинаа серијата од 17 порази во елитното натпреварување и заслужено се радуваа со верната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ чија поддршка беше клучна во последните две минути од натпреварот кога гостите имаа водство од три голови разлика.
Дуелот првата и последната екипа на табелата од групата „А“ почна со водство на македонскиот шампион кое беше задржано во првото полувреме со резултат од 15:13, а неизвеноста почна во 49 минута од средбата кога гостите израмнија на 21:21 и презедоа водство. Кога публиката почна да ја напушта спортската сала уверена во уште еден пораз, благодарение на грешките на гостите, битолчани успеаја на 10 секунди пред крајот да го израмнат резултатот на 24:24 и да освојат еден бод, кој воедно е прв во европската Лига на шампионите.
Во израмнетиот натпревар, најдобрите стрелци постигнаа еднаков број голови, односно по 5 Кузмановски, Пешевски и Радивоевиќ кај Еурофарм Пелистер, и Кошта и Салвадор во тимот на Спортинг.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност