-->
-->
Еурофарм Пелистер прв финалист во македонскиот ракометен Куп
-->
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога вчера во полуфиналната пресметка против Тинекс Пролет и со победа од 28-21 обезбедија пласман во дуелот за трофејот во македонскиот Куп во ракомет во машка конкуренција.
Во ниту еден момент од натпреварот во Охрид не беше доведена во прашање победата на битолскиот состав, кој веќе на полувреме имаше убедливо водство од 17-10.
Во второто полуфинале, кое е на програмата вечерва од 20 часот, ќе играат Вардар 1961 против Алкалоид.
Титулата ја брани Вардар 1961, кој со 15 трофеи е рекордер во натпреварувањата во националниот Куп, додека Алкалоид е дебитант на завршниот турнир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи