Еуроактив: Бугарија нема да попушти

Новата бугарска Влада соопшти дека одбива да преговара со Северна Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, пишува Еуроактив повикувајќи се на информации добиени од неименуван бугарски министер.
Ставот на Бугарија според овој извор останува на тоа дека Бугарија нема спор со Македонија и дека промената на уставот е дел од преговарачката рамка усогласена со Европската Унија.
Во текстот се потенцира и ставот на македонската владата која предложи уставни измени со одложено дејство. Еуроактив пренесува неколку изјави на Премиерот Мицкоски во кои тој вели дека оваа Влада нема да направи повеќе отстапки во овој процес.
Текстот на Еуроактив доаѓа во време кога Мицкоски најавува отвореност за средба со новата бугарска влада како би се надминал отворениот спор кој настана откако претходната Влада вети дека ќе го смени Уставот и во него ќе го вметне бугарското малцинство но за тоа не успеа да обезбеди мнозинство во македонското Собрание.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
