Фудбал
23. јуни 2017 - 23:40

ЕУРО 2017 У_21: Македонија загуби од Португалија

Македонската репрезентација до 21 година со пораз од Португалија го заврши настапот на Европското првенство во Полска. Португалија победи со 4:2, што беше недоволно за оваа репрезентација да биде најдобро пласирана од селекциите кои го освоија второто место.

И на дуелот со Португалија избраниците на селекторот Благоја Милевски беа конкурентни.
Португалија поведе во 2.минута преку Едгар Ие, а на 2:0 зголеми Брума во 22.минута. Македонија намали во 40.минута со голот на Енис Барди. Португалија со голот на Поденсе зголеми на 3:1, а Кире Маркоски во 80.минута намали на 3:2.Во 90+1 минута Брума ги постави конечните 4:2.
На вториот дуел од Б групата Шпанија ја победи Србија со 1:0.
Шпанија е прва со 9 бодови, пред Португалија со 6, а Србија и Македонија имаат по 1 бод.
Словачка од групата А има подобар биланс како второпласирана селекција од Португалија.