-->
-->
ЕУРО 2016: Словачка ја победи Русија
-->

Репрезентацијата на Словачка забележа првата победа на Европскиот фудбалски шампионат во Франција, совладувајќи ја Русија со 2:1 во првиот меч од второто коло на првенството.
На средбата одиграна на стадионот „Пјер Муроа’’ во Лил, фудбалерите на Словачка целата работа ја завршија во првиот дел кога ги постигнаа двата гола, преку Владимир Вајс (32-минута) и Марек Хамшик (45). Во вториот дел Русите постојано ја имаа иницијативата. Со голот на Денис Глушнаков (80) ја намалија предоста на противникот, но до крајот на средбата не успеаја да стигнат до израмнување.
За Словаците ова се први бодови во групата Б во која во 1.коло загубија од Велс, додека Русија останува на еден освоен против Англија.
Покрај овој меч, денеска на ЕП ќе се играат и двата натпревари од 2.коло во А групата. Од 18 часот, на „Паркот на принцовите’’ во Париз ќе играат Романија и Швајцарија, а во вечерниот термин од 21 часот, во Марсеј, домаќинот Франција за противник ќе ја има селекцијата на Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН