-->
-->
ЕУРО 2016: Хрватска испушти победа против Чешка
-->
Репрезентацијата на Чешка успеа да остане непоразена во дуелот од 2.коло од Д групата на Европското првенство откако со Хрватска одигра нерешено 2:2, иако Хрватите водеа со 2:0 по 60 минути игра. Хрватска е прва во групата со 4 бодови, додека ова беше прв бод за Чешка.
Хрватска поведе во 37.минута со голот на Иван Перишиќ, а на 2:0 зголеми Иван Ракитиќ во 60.минута. Чешка во 76.минута намали преку Милан Шкода, а конечните 2:2 ги постави Милан Нечид во 90+4 минута од пенал.
Инаку, натпреварот беше во прекин од пет минути поради дивеењето на хрватските навивачи, кои фрлија на теренот чадни бомби.
Во Ница Шпанија и Турција 3-0.
Попладнево во првиот денешен натпревар Италија ја победи Шведска со 1:0 со голот на Едер во 88.минута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево и топло со локална облачност
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти