-->
-->
ЕУРО 2016: Белгија и Р.Ирска ја комплетираа листата осминафиналисти
-->
Репрезентациите на Белгија и на Република Ирска го пополнија списокот од шеснаесет селекции кои ќе играат во осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Франција.
Во натпревар од последното 3.коло во Е-групата Белгија и Република Ирска забележаа минимални победи од 1:0 во дуелите со Италија, односно Шведска.
Со голот на Раџа Наинголан во 84.минута Белгијците ја елиминираа Шведска.
Роби Бреди реализира на пет минути пред крајот и донесе триумф на Република Ирска над Италија.
И покрај поразот, Италија заврши како прво пласирана со 6 бодови, колку што собра и Белгија на 2.место, додека Република Ирска со 4 бодови и освоеното 3.место во групата, обезбеди пласман во осминафиналето.
Во трката за четирите места на третопласираните селекции, извисија Турција и Албанија, кои завршија со 3 бода. Португалија и Северна Ирска исто така имаат по 3 бода, но овие две селекции имаат подобра гол разлика.
Денеска и утре на ЕП е слободен ден, а првите три натпревари од осминафиналето ќе се играат в сабота.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода
-
Шукова: Старата чаршија ќе заживее
-
Загрижувачки тренд на пораст на бројот на пацинетки со карцином на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци