ЕУ усвои регулатива за инстант финансиски трансакции
Европскиот советот усвои Регулатива за инстантните плаќања со која на граѓаните и на компаниите ќе им биде овозможено да префрлаат пари на сметки во рок од десет секунди во секој период од денот, вклучително и надвор од работното време, во која било земја членка на ЕУ и на Европската економска област.
– Новите правила ќе ја подобрат стратешката автономија на европскиот економски и финансиски сектор, бидејќи ќе помогнат да се намали секое прекумерно потпирање на финансиските институции и инфраструктури од трети земји. Подобрувањето на можностите за движење на паричните текови ќе донесе придобивки и за граѓаните и за компаниите и ќе овозможи иновативни услуги со додадена вредност, информира Советот на ЕУ.
Инстант финасиските плаќања во евра ќе се вршат преку банките, кои за нив не смеат да наплаќаат надоместоци повисоки од трошоците за стандардните кредитни трансфери.
Регулативата е дел од мерките за заокружување на процесот за создавање на вистински единствен пазар на капиталот на ЕУ, чија цел е да се овозможи проток на инвестициите и заштедите низ сите земји членки на Унијата во интерес на граѓаните, бизнисите и инвеститорите.
Ново на Сител
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија
-
Колку од плажите ќе обезбедат спасители
-
Погребан папата Франциск – илјадници верници и државници му оддадоа последна почит
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа