ЕУ со порака: Грција да најде итно засолништа за 1.500 деца мигранти без надзор
Грција мора да пронајде засолниште за 1.500 деца мигранти без надзор од кои многумина според тврдења на групи за заштита на човекови права, се сместени во лоши услови, изјави денеска европската комесарка за правда Вера Јурова.
По посетата на Атина, Јурова рече дека тој проблем мора итно да се реши.
Организацијата ХРВ минатата недела соопшти дека деца мигранти повеќе од еден месец престојуваат во „ужасно услови“ и дека дури и некои од нив поради немање простор, биле заклучувани во полициски ќелии заедно со возрасни.
- Според грчката Влада, во таа држава има околу 3.500 малолетници без старатели вклучително и 300 кои се затворени во центри за прифаќање и уште 18 кои се во полициски притвор, наведе Јурова.
ЕУ во викендот објави дека на Грција ќе и даде дополнителни 115 милиони евра за подобрување на улсовите во мигрантските услови. Грчката Влада соопшти дека до крајот на септември ќе запише околу 18.000 мигрантски деца во школи.
Ново на Сител
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје
-
Локални избори 2025
-
Изборна кампања
-
Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица против АВМУ, останува без можност за платено рекламирање за изборите
-
Онлајн купувањето станува поскапо - 18% ДДВ и за нарачките под 22 евра