ЕУ со критики за Црна Гора поради отсуство на политички дијалог
Европската Унија изрази жалење што не се изгласани законите за изборна реформа во Црна Гора поради отсуство на политички дијалог и потсетува дека бојкотот не претставува добро решение.
– Ова претставува пропуштена можност за Црна Гора да го обнови политичкиот дијалог во Парламентот, да ја ревидира изборната законска рамка на инклузивен начин, да ја зголеми довербата во пресрет на парламентарните избори идната година и да постигне меѓупартиски договор за бројни критериуми кои се важни за ЕУ агендата на Црна Гора, посебно во делот на поглавјата 23 и 24 поврзани со владеењето на правото, изјави портпаролот на Европската служба за надворешни работи, Петер Стано.
Европската Унија бара дијалогот да се одржи во Парламентот и да се стави крај на бојкотот, кој не може да биде решение „посебно за земја што преговара за членство во ЕУ“.
– ЕУ конзистентно ги охрабрува сите политички чинители во Црна Гора да преземат одговорност и да ја вратат политичката дебата назад во Парламентот, вели Стано.
Ново на Сител
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор