ЕУ следната недела ќе ја претстави одбранбената програма ПЕСКО
Повеќе членки на Европската унија на министерски состанок планиран за в понеделник, ќе најават нова форма на одбранбена соработка, објави „Фајненшл тајмс“.
Постојаната структурна соработка во одбраната (ПЕСКО) е проект започнат меѓу Германија и Франција, во кој се очекува да се вклучат и други држави, како Италија, Шпанија, Белгија и Холандија.
Програмата ќе вклучува соработка во регионални операции, воздушен транспорт на борбени единици, реагирање на кризи, територијална одбрана на Европа и развој на нови воени системи, како на пример на нова генерација на тенкови и борбени авиони.
ПЕСКО, иниицрана од високиот претставника на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, воедно претставува одговор на ЕУ на се почестите барања од САД, европските земји да ги почитуваат обврските од членството во НАТО и да ги зголемат трошоците за одбрана.
Според „Фајненшл тајмс“, сепак постојат различни погледи меѓу членките на ЕУ во врска со ПЕСКО. Франција, според весникот, бара ПЕСКО да биде амбициозна програма која ќе работи на голем број проекти, додека Германија, пак, сака во програмата да се вклучат што е можно повеќе држави.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница