ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори

Европската Унија понуди поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори, ветувајќи поддршка за реформите за зајакнување на владеењето на правото, слободата на медиумите и демократските институции, како и борбата против корупцијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа и честитаа на Студентската листа за победата и изјавија дека се подготвени да помогнат во напредокот на Србија на патот кон членство во ЕУ.
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, истакна дека изборите се одржале со историски висока излезност на гласачите по речиси две години протести во одбрана на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Според неа, сега може да започне нова етапа за земјата, нагласувајќи дека „вратата кон ЕУ е отворена“.
Србија има статус на земја-кандидат за членство во ЕУ од 2012 година, а преговорите за пристапување официјално започнаа во 2014 година. Сепак, процесот во голема мера е заглавен поради политиките на досегашното српско раководство, вклучително и загриженоста за почитување на демократските стандарди и владеењето на правото, како и блиските односи на долгогодишниот српски лидер Александар Вучиќ со Москва, јави ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
