ЕУ повика на дијалог меѓу Индија и Пакистан
Европската Унија ги повикува Индија и Пакистан да започнат дијалог за деескалација на состојбата и најавува подготвеност да работи со двете страни во остварување на тие напори, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
- Од витално значење е Индија и Пакистан да ги исполнат своите обврски според меѓународното право и да ги преземат сите можни мерки за заштита на животите на цивилите, нагласи Калас во писмената изјава по повод индиско-пакистанскиот конфликт.
Таа додаде дека ЕУ внимателно и со голема загриженост ги следи растечките тензии во регионот и последиците што произлегуваат од нив, вклучително и од евентуалната загуба на уште повеќе животи.
- ЕУ ги повикува двете страни да покажат воздржаност, да ги деескалираат тензиите и да се воздржат од понатамошни напади за да ги заштитат животите на цивилите, порача Калас.
Таа во писмената изјава нагласува и дека Европската Унија и нејзините 27 земји членки недвосмислено го осудуваат терористичкиот напад во Пахалгам на 22 април и убиството на невини цивили.
- Тероризмот никогаш не може да се оправда. Оние што се одговорни за нападот мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Секоја држава има должност и право законски да ги заштити своите граѓани од терористички акти, додава Калас во пораката.
Ново на Сител
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот