ЕУ: Постои ризик од засилено финансирање на терористички напади во Европа
Постои реална опасност од засилено финансирање на терористички напади во Европа, со оглед на тоа дека џихадистичката група. Исламска држава (ИД) ги губи упориштата во Ирак и Сирија, предупреди денеска еврокомесарот за безбедност Џулијан Кинг.
- Откако остваривме успех во борбата против ИД на подрачјето на Ирак и Сирија, оваа терористичка организација сега префрла средства надвор од овие две земји, изјави Кинг во обраќањето пред Европскиот парламент.
- Постои реален ризик од нов прилив на средства за финансирање на тероризмот. Мораме да бидеме свесни за тоа и треба да работиме заедно за да видиме што можеме да направиме во врска со тоа, истакна Кинг.
ИД изгуби околу 90 отсто од територијата над која имаше контрола во Ирак и околу 85 отсто во Сирија, како резултат на воените кампањи, од кои, некои беа поддржани од западните земји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица