ЕУ поддршка за подобрување на управувањето со отпад во источните и североисточните региони

Во Скопје денеска ќе се одржи завршна церемонија по повод проектот на ЕУ „Подготовка на проекти и тендерска документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во источните и североисточните региони“.
На настанот ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, Јадранка Иванова шеф на одделението на ЕУ при Министерството за животна средина, Ана Каранфилова - Мазневска, шеф на Одделот за управување со отпад при Министерството и лидерот на проектот Антонис Мавропулос.
ЕУ обезбеди 975.000 евра за техничка поддршка за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со отпад во источните и североисточните региони. Главна цел на проектот е да се обезбедат предуслови за идни инвестиции на ЕУ во локалната и регионалната инфраструктура, неопходни за постигнување на еколошко управување со отпад.
Предвидените инвестиции од приближно 27 милиони евра ќе овозможат на 18 општини во источните и североисточните региони да ги модернизираат системите за управување со отпад, овозможувајќи подобрување на еколошката средина на 370.900 жители.
Ново на Сител
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
-

Клиниката “Св. Наум Охридски” доби нова апаратура, а ќе се гради и Ургентен центар
-

Неколку критични точки низ државата по обилните дождови
-

Ваучерите за студенти се со лични податоци и ако се препродадат не може да се искористат, вели Мицкоски
-

Синдикалната кошница намалена за 370 денари во Ноември, но сепак надминува 65.000 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
